Малиџано салата

malidzano-finished

Малиџаното е врвен деликатес од македонската традиционална кујна. Во составот доминира модриот патлиџан, а лукот и лутата пиперка му ja даваат пикантно лутaтa нота. Неговиот карактеристичен вкус за некои е совршен, но за некои пак не е доволно интересен. Затоа, во прилог го споделуваме нашиот предлог рецепт за малиџано салатата со чија помош  на одличен начин ќе ја разбиете монотонијата во вашата кујна.

За подготовката на оваа салата, нас ни беа потребни 300 грама, односно 1 тегличка малиџано. 200 грама бела павлака со 25% масленост и 100 грама крупно сецкани ореви. За декорирањето, се одлучивме за атрактивните шери домати и францускиот магдонос, но оваа последна фаза е одлична за да ја прикажете вашата креативност на дело. :-)

состојки, ореви, павлака, шери домати, француски магодонос, малиџано

Чекор 1:

Во стаклен сад ја истураме смесата од 1 тегличка малиџано, околу 300 г.

Чекор 2:

Потоа, ја додаваме павлаката.  За да смесата биде похомогена, најдобро е да се користи павлака со што поголема масленост. Почнуваме да мешаме додека не се соединат малиџаното и павлаката. Додаваме сол по вкус.

Чекор 3:

Како последни ги додаваме крупно исецканите ореви и мешаме се додека не добиеме хомогена смеса. На крај, декорираме со малку француски магдонос, шери домати и ореви.

Уживајте.

Leave a Reply

(*) Required, Your email will not be published