Штрудли со слатко од тиква
Дием-ГП

recipe-strudel with pumpkin sweet

Штрудлите се одличен десерт за ова годишно доба, а првиот снег и ниските температури се причина плус да останете во Вашиот топол дом и да уживате во овој неописливо вкусен рецепт.

Штрудлата е вид на слоевито пециво со најчесто благ фил. Тестото за традиционалните штрудли било поинакво од она што се припрема сега, и истото е повеќе еластично наместо слоевито. Се приготвувало од брашно со висока содржина на глутен, вода, масло и сол, без додавање на шеќер и се велело дека тестото треба да е доволно тенко да може да се чита низ него. Најпознати се штрудлите со јаболка, млечен крем, слатко од вишни, сливи, тикви..комбинациите се навистина многубројни.

Ние се одлучивме за фил со слатко од тиква на Дием-ГП, што покрај одличен вкус, на штрудлите им даде и неодолива арома што придонесе за максимално уживање при дегустирањето.

Потребни состојки за подготовка на 10-12 парчиња штрудла со слатко од тиква на Дием-ГП:

  • 350г брашно, тип 400
  • 100г путер
  • 120мл ладна вода
  • 1 тегла слатко од тиква Дием-ГП
  • цимет
  • една кафена лажичка шеќер
  • шеќер во прав (за декорација)

Кога путерот ќе достигне собна температура, исечете го на ситни парчиња. Во подлабок сад, изматете го путерот со миксер и постепено додавајте ги шеќерот, брашното и водата, се додека не добиете хомогена смеса. Внимавајте, миксерот нека е вклучен на мала брзина, за да не испрскате со брашното надвор од предвидениот сад. Изматената смеса завиткајте ја во фолија и ставете ја во длабокото замрзнување на фрижидерот. Оставете го така тестото околу 40 минути.

По предвиденото време, кога тестото веќе ја добило посакуваната цврстина, извадете го од замрзнувачот. Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Поросете малку брашно на тврда површина каде што ќе сукате. Додека тестото е се уште цврсто, започнете полека со сукање, додека не добиете тенка кора. Исечете правоаголници со големина од околу 15 на 12 сантиметри. На едната половина од правоаглниците ставете малку цимет и од слаткото од тиква Дием-ГП, подеднакво распределувајќи го на сите парчиња штрудла. Внимавајте да не ставите премногу шербет од слаткото, бидејќи истиот ќе се излее за време на печењето и може да ги залепи штрудлите на плехот за печење, што ќе Ви предизвика проблем при сервирањето, а потоа и при чистењето на плехот.

Откако ќе завршите со филување, секоја штрудла преклопете ја со другата половина од тестото и убаво притиснете со вилушка по краевите, за да избегнете истекување на филот при печењето. Боцнете ги парчињата штрудла на неколку места одозгора за да може да излезе пареата, и така подготвени ставете ги да се печат во веќе загреаната рерна на 180 степени. Печете околу 20 – 30 минути, додека штрудлите не заруменат и добијат светло кафена боја.

Сервирајте ги со шеќер во прав одозгора и послужете со пијалок по желба.

Споделете ги со Вашите најмили, бидејќи секое јадење е повкусно доколку се подготвува со љубов, а се консумира во добро друштво и позитивна атмосфера.

На здравје!

recipe-strudel with pumpkin sweet

Штрудли со слатко од тиква Дием-ГП 2

Leave a Reply

(*) Required, Your email will not be published