Cheesecake колач со слатко од јагоди Дием – ГП

cheesecake with strawberries sweet

По неколкуте солени рецепти, решивме да Ве изненадиме со наш рецепт за еден класичен, но мошне популарен десерт. Со вкусно крцкава основа, изобилство од крем и мешавина на благо со солено, cheesecake претставува слатко задоволство што лесно ќе го приготвите и споделите со Вашето друштво. Иако cheesecake е традиционален десерт, сепак има бројни варијации во рецептите. Ние се одлучивме за фил со слатко од јагоди Дием-ГП, што го направи овој колач извонреден како на изглед, така и на вкус.

Потребни состојки за подготовка на cheesecake за 10 лица:

  • 125г слатки бисквити
  • 80г путер
  • 1 тегла слатко од јагоди Дием-ГП (400г)
  • 200г крем сирење
  • 60г шеќер
  • 300г крем павлака (маскарпоне) со висока масленост (40% или повеќе)
  • 1 кафена лажичка течен екстракт од ванила

Најпрво искршете ги бисквитите на ситни парчиња, рачно или во блендер, а потоа постепено додавајте го претходно стопениот путер. Мешајте додека смесата не се соедини.

Бидејќи според овој рецепт нема потреба од печење на колачот, земете подлабок сад кој не мора да биде огноотпорен, и обложете го со алуминиумска фолија, за да избегнете Вашиот cheesecake да се залепи за садот. Врз фолијата, рамномерно распределете ја смесата од бисквити и путер. Одозгора, како фил, нанесете го слаткото од јагоди на Дием-ГП.

Во друг, длабок сад за матење, додадете ги сите останати состојки – крем сирењето, шеќерот, крем павлаката и екстрактот од ванила. Матете со миксер додека смесата не се соедини, притоа внимавајте шеќерот целосно да се раствори со останатите состојки. Распоредете го вака подготвениот крем како последен слој и ставете го колачот во фрижидер. Оставете го да се лади минимум 5 часа за да ја добие потребната цврстина, а оптимално е да го оставите повеќе часови, на пример во текот на цела ноќ.

Откако Вашиот cheesecake ќе ја добие потребната цврстина, исечето го на парчиња кои потоа може да ги декорирате одозгора по желба – со парчиња свежи јагоди, со малку слатко од јагоди на Дием-ГП или пак со сируп / прелив од јагода..изборот е Ваш.

Се разбира, повикајте ги луѓето со кои би сакале да го споделите овој десерт, затоа што секое јадење е повкусно доколку се подготвува со љубов, а се консумира во добро друштво и позитивна атмосфера.

На здравје!

 

making of cheesecake

making of: cheesecake со слатко од јагоди Дием-ГП

 

Leave a Reply

(*) Required, Your email will not be published