Мафините се вид мали, полу-слатки колачи, кои се подготвуваат лесно и брзо, во порции соодветни за една особа. Може да имаат најразличен вкус, кој се постигнува со додавање на одредена состојка како капини, чоколадни парчиња, малини, цимет, тиква, праска, јагода, лешник, бадем и слично. Мафините често се комбинираат за појадок, со кафе или чај, но секако може да се послужат во било кој дел од денот.
Ние подготвивме домашни мафини со џем од вишни и цимет, кои даваат специфичен, богат и неодолив вкус на овој десерт.
Потребни состојки за подготовка на 12 мафини:
- 2 шолји брашно,
- 1/2 шолја шеќер,
- 2 кафени лажички прашок за пециво,
- 1/2 кафена лажичка сол,
- 1/2 кафена лажичка цимет,
- 1 шолја млеко,
- 1 јајце, матено,
- 1/2 шолја путер, стопен,
- 1/2 шолја џем од вишни Дием – ГП (може да одберете и џем со поинаков вкус, како јагоди, сливи, праски..изборот е Ваш).
Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Ставете ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво, циметот и солта во подлабок сад. Во друг помал сад, измешајте ги млекото, јајцето и путерот. Постепено додадете ги измешаните млеко, јајце и путер во подлабокиот сад со останатите состојки. Мешајте континуирано додека смесата не се соедини и згусне доволно.
Подмачкајте ги калапите на плехот со масло и со соодветна лажица распределете околу 2/3 од тестото во подмачканите калапи. Додадете џем од вишни на тестото, подеднакво распределувајќи ја целата количина од џемот во секој од мафините. Додадете го остатокот од тестото врз џемот и така подготвените мафини печете ги на 200 степени 15 – 20 минути.
Внимателно извадете ги врелите мафини од рерната и оставете ги 10-15 минути да се оладат пред да ги извадите од плехот и да ги сервирате. Одозгора додате шеќер во прав и цимет, по желба.
На здравје!