Куглов со мармалад од смокви

kuglov

Одличен фамилијарен колач, кој ќе ги освои симпатиите на сите членови од семејството и гостите, па дури и на оние кои не се многу по благото.

Потребни состојки:

  • 3 јајца, 
  • 1 чаша 250ml шеќер,
  • 1/2 чаша зејтин,
  • 1 чаша млеко,
  • 2 чаши брашно,
  • 1 прашок за пециво,
  • 1 ванилен шеќер,
  • 6 големи лажици мармалад од смокви.

Се матат јајцата со половина од шеќерот, а потоа се додава и останатиот шеќер заедно со ванилениот шеќер. Постепено во смесата се додаваат млекото, зејтинот и на крајот брашното и прашокот за пециво. Кога ќе добиеме изедначена смеса, го додаваме и мармаладот од смокви.

Калапот за куглов се намрсува со зејтин и во него се става смесата за колачот. Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени. По 15 минути, температурата ја намалува на 170 степени и се пече околу 45 минути.

Изладениот колач се става на чинија и се декорира со шеќер во прав или нешто слично, по Ваша желба.

.kuglov-piece

Leave a Reply

(*) Required, Your email will not be published