Милибродот – надалеку познатиот европски сладок леб, е лесен десерт и еден од најпознатите кој се приготвува во речиси сите домаќинства. Традиционално се подготвува пред и за време на Велигденските празници и претставува одличен појадок со кој вреди да се започне денот.
потребни состојки:
- 1/2 l млеко,
- 6 јајца,
- 200ml зејтин,
- 1 квасец,
- рендана кора од лимон,
- 2 винилн шеќер,
- 1 кесика цимет,
- брашно по потреба,
- џем од сливи Дием-ГП
Тестото се размесува и се остава да нарасне околу 20 минути. Готовото тесто се дели на 4 дела и од секој дел се расукува кора со дебелина од половина сантиметар. Потоа, се филува со џемот од сливи на Дием-ГП, а по желба може да се искомбинира и со некој друг вкус. Особено е одличен вкусот на милибродот со мармаладот од смокви.
Од секоја кора, се прави ролат или плетенка и се ставаат во плех премачкан со маргарин. Секој ролат се премачкува со жолчка од јајце и се посипува со сусам или со сецкани лешници или бадеми. Ролатите повторно се оставаат да нараснат околу 20 минути, а потоа се печат во претходно загреана рерна околу 30 минути.
На здравје!