Начос се популарно јадење со потекло од Мексико, кое може да се припреми брзо и да се послужи како мезе, или со додавање на одредени состојки (пилешко месо, црвен грав, мелено месо и слично) да се послужи како главно јадење.
Нашиот рецепт за начос се подготвува брзо и лесно, а со додавање на феферони од Дием-ГП и Баш Ајвер Ифрит, ова мезе претставува деликатес за сите сетила.
Потребни состојки за подготовка на начос Баш Ајвер Ифрит и феферони Дием-ГП за 6 лица:
- 1 големо пакување пченкарен начос чипс (околу 450г)
- 250г овчи кашкавал
- 250г кравјо сирење
- 1 мала тегла лути феферони на Дием-ГП*
- 1 голема тегла Баш Ајвер Ифрит *
*доколку не јадете лута храна, слободно може да се употребат благи феферони на Дием-ГП и Баш Ајвер благ.
Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени, со опција за печење само на горниот дел.
Во огноотпорна чинија поставете еден ред од чипсот, трошејќи околу половина од вкупната количина. Важно е редот да не е многу дебел, со преклопување на повеќе парчиња чипс едно врз друго, затоа што така нема да се добие саканиот вкус од стопеното сирење и кашкавал. Врз првиот ред чипс, изрендајте половина од кравјото сирење и половина од овчиот кашкавал. Потоа, додадете го преостанатиот дел од чипсот, како втор ред, и врз него изрендајте ги остатокот од сирењето и кашкавалот. Вака подготвените начос ставете ги во загреаната рерна и печете кратко, максимум 10 минути, додека да се растопи горниот слој кашкавал и сирење.
Доколку огноотпорната чинија е помала, состојките може да ги поделите во 3 реда, наместо во 2. Запаметете, многу е важно редовите од чипс да не се многу дебели, бидејќи со преклопување повеќе парчиња чипс едно врз друго се губи вкусот на начосот.
Откако сирењето и кашкавалот ќе се растопат, извадете ја чинијата со начос од рерната и одозгора додадете феферони на Дием-ГП, претходно исецкани на тенки крукчиња.
Во мали, подлабоки чинии распоредете од Баш Ајвер Ифрит, како додаток за макање на домашниот начос и послужете ги заедно.
На здравје!