Цвеклото има многу позитивно влијание врз нашето здравје. Редовното консумирање на цвекло го регулира крвниот притисок, позитивно влијае на крвната слика и го зголемува хемоглобинот. Исто така, ја зголемува физичката отпорност и кондицијата, а тоа го прави совршен избор за спортистите.
Бидејќи некои тоа го сакаат течно, денес ќе ви презентираме како да направите сок од цвекло. Потребни ни се: една тегла цвекло, 4-5 портокали и неколку свежи моркови. Со овие состојки, ќе добиеме околу три чаши сок, од по 250ml.
Во првиот чекор, во соковникот ја истураме теглата цвекло сосе течноста . Доколку сакате сокот да биде погуст, можете да го направите сокот и без течноста, но ние во нашиот пример ја оставивме. Потоа, ги лупиме портокалите и нив ги додаваме во соковникот. На крај, ги чистиме и ги додаваме морковите и го оставме соковникот да си ја заврши својата работа. Тоа би било тоа.
На крај, декорираме со парче портокал, а во жешките летни денови што доаѓаат, одлично би било и доколку додадете неколку коцки мраз за екстра освежување.