Брускети со Баш Ајвар, пршута и моцарела

recipe-bruschetta with ajvar, mozzarella, prosciutto

Со потекло од Италијанската кујна, брускетите се едноставна и лесна закуска која ќе ги разбуди Вашите рецептори за вкус. Основа на подготовката се тенки парчиња потпечен леб (најчесто багет), со маслиново масло и зачини. Останатиот дел од одличниот вкус на брускетите го давате самите Вие, комбинирајќи состојки по сопствена желба. Убавината на брускетите е што може да претставуваат апетисан, закуска, салата или дури и главен оброк. Во секој случај, истите се неодоливо вкусни, мошне едноставни за подготовка и претставуваат вистинско уживање во било кој период од годината.

Опциите за филување на брускетите се неограничени, а ние се одлучивме за Баш Ајвар лут, што дава одличен, оптимално пикантен вкус, пршута и моцарела.

Потребни состојки за подготовка на брускети за 4-6 лица:

  • 1 багет
  • 1 мала тегла Баш Ајвар лут (290г)
  • 100г говедска пршута, тенко сецкана
  • 150г моцарела
  • маслиново масло
  • сол
  • зачини

Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Во меѓувреме исечете го багетот на тенки парчиња. Премачкајте го плехот за печење со маслиново масло и наредете ги парчињата багет. Одозгора, ставете им маслиново масло, малку сол и зачини по желба (ние користевме пица зачин) и така подготвените парчиња багет ставете ги во загреаната рерна на 200 степени. Печете 5-6 минути, додека брускетите не поруменат и станат крцкави.

Исецкајте ја моцарелата на тенки парчиња, со големина адекватна за малите брускети. Истото направете го и со пршутата. Откако брускетите ќе се потпечат, внимателно извадете ги од рерната и започнете со филување – ставете еден ред Баш Ајвар лут, еден ред пршута и одозгора парчињата моцарела. Вратете ги брускетите во рерната на 200 степени и допечете ги уште 3-4 минути, додека моцарелата да се растопи.

Послужете ги додека се уште топли, со пијалок по желба.

Како и секогаш, јадењето е повкусно доколку се подготвува со љубов, а се консумира во добро друштво и позитивна атмосфера.

На здравје!

recipe- bruschetta with ajvar

Брускети со Баш Ајвар Дием-ГП

Leave a Reply

(*) Required, Your email will not be published