Чупава Ката со џем од кајсии

bushava kata

Чупава Ката или по наше, Бушава Ката е еден од најлесните, и за подготовка и за уживање во истото, десерти кои што досега сме ги направиле.

Потребни состојки за тесто:

    • 4 јајца, 4 лажици шеќер,
    • 400 грама брашно,
    • 250 грама путер (маргарин),dzem od kajsii
    • 1 пециво,
    • 1 ванила и
    • 1 лажица млеко.

Потребни состојки за фил:

  • 250 грама шеќер и
  • 5 лажици џем од кајсии од Дием-ГП.

Подготовка: Се мати путерот со 4 лажици шеќер. Се делат жолчките од белките; жолчките се додаваат во путерот, а потоа се се додава брашното со прашокот за пециво. Се додава 1 лажица млеко и се меша со истата. Потоа се меси со рака и тестото се дели на два дела: едната половина се става во претходно намрсен плех за печење, а втората половина се става во замрзнувач.100 грама мелени ореви,

За филот: се матат белките со 250 грама шеќер + 1 ванилен шеќер. Се додаваат и 5 лажици џем од кајсии и, на крај, и мелените ореви. Филот се нанесува врз кората во плехот и потоа, од втората половина од тестотот која што претходно ја замрзнавме, рендаме врз филот за да добиеме “бушава” текстура. Се става да се пече во рерна на 200 ºC околу 30-тина минути.

Потоа, се става во фрижидер малку да се олади и стврдне и се послужува во големи прави коцки. Уживајте.

Leave a Reply

(*) Required, Your email will not be published