Кифлички со Лутеница Дием-ГП и сирење

recipe- homemade buns

Домашните кифлички се уште еден дел од оброкот кој ќе Ве затопли на ова студено зимско време. Рецептот кој ние Ви го препорачуваме е лесен за подготовка, па со малку труд и основни кулинарски способности ќе успеете пријатно да ги изненадите оние кои ќе го имаат задоволството да вкусат од кифличките.

Тестото може да го комбинирате со различен фил – солен, благ или лут, но пробајте со Лутеница Дием-ГП и сирење, како што направивме ние, и верувајте дека нема да погрешите.

Потребни состојки за подготовка на еден плех кифлички со Лутеница Дием-ГП:

  • 500мл млеко
  • 1 свеж квасец
  • 1 кафена лажица шеќер
  • 2 кафени лажици сол
  • 200мл масло
  • 1кг брашно, тип 400
  • 1 голема тегла Лутеница Дием-ГП (660г)
  • 100г кравјо сирење

Умерено загрејте мала количина од млекото (околу 50мл). Тргнете го од ринглaта и во него додадете 1 кафена лажичка шеќер, 1 лажичка брашно и свежиот квасец, за истиот да се раствори. Внимавајте млекото да е умерено топло, не многу врело, за да квасецот надојде. Во спротивно, кифличките нема да го добијат посакуваниот вкус и изглед.

Откако квасецот доволно ќе надојде, загрејте го и преостанатото млеко, повторно на умерена температура и во еден подлабок сад додадете ги сите состојки за тестото: загреаното млеко, нараснатиот квасец, солта, маслото и брашното, и месете додека не се добие хомогено тесто. Доколку при месењето увидите дека има повеќе течност од потребното, слободно додадете уште малку од брашното. Откако тестото е измесено, покријте го садот со кујнска крпа и оставете го да отстои на собна температура за да нарасне.

По околу еден час, откако тестото доволно нараснало, започнете со сукање. Во меѓувреме, вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Сукајте додека да ја добиете посакуваната дебелина од околу половина сантиметар, а потоа исечете го тестото на триаголници со соодветна големина. На широкиот крај од триаголникот, нанесете еден ред Лутеница Дием-ГП и одозгора ставете парченца од кравјото сирење. Внимателно завиткајте ги кифличките како ролат и ставете ги во плехот за печење, кој е претходно премачкан со путер. Така подготвени, оставете ги да се печат на 200 степени околу 30-40 минути. Кифличките се готови кога убаво ќе поруменат одозгора.

Послужете ги со пијалок по желба и запомнете, секое јадење е повкусно доколку се подготвува со љубов, а се консумира во добро друштво и позитивна атмосфера.

На здравје!

recipe- buns with cheese

Кифлички со Лутеница Дием-ГП и сирење

Leave a Reply

(*) Required, Your email will not be published