Мини пици со Лутеница Дием-ГП

mini pizzas

Мини пиците се одлично јадење за повеќе лица – едноставни за подготовка, со што лесно ќе ги покажете Вашите кулинарски способности, а истовремено и неодоливо вкусни за целото Ваше друштво. Овој рецепт може да го комбинирате со фил по желба, но ние топло Ви препорачуваме да пробате со Лутеница Дием-ГП и навистина пријатно да ги изненадите сите оние кои ќе го имаат тоа задоволство да дегустираат.

Потребни состојки за подготовка на 6 мини пици со Лутеница Дием-ГП:

За тестото:

  • 400г брашно
  • 70мл млеко
  • 70мл кисела вода
  • 70мл вода (негазирана)
  • 50мл зејтин
  • половина супена лажица шеќер
  • половина кафена лажица сол
  • половина квасец

За филот:

  • 1 голема тегла Лутеница Дием-ГП (660г)
  • 250г моцарела
  • 50г маслинки со пиперка
  • оригано

Најпрво, растворете го половината квасец во малку топла вода, половина лажица шеќер и една лажица брашно. Откако убаво ќе се раствори и нарасне квасецот, во подлабок сад ставете ги сите состојки за подготовка на тестото –  додадете прво половина од количината брашно, потоа половина лажица шеќер, сол, растворениот квасец, киселата вода, млекото, обичната вода и зејтинот. Мешајте рачно додека смесата не се соедини, притоа постепено додавајќи го остатокот од брашното. Убаво измешајте, измесете и внимавајте да не останат грутки во смесата. Покријте го садот со тестото со кујнска крпа и оставете го да нарасне (може да го оставите на собна температура, што ќе Ви одземе повеќе време, или може да направите како и ние – покриениот сад со тестото ставете го во рерна на 50 степени и оставете го 20 – 25 минути да нарасне).

Во меѓувреме, исечкајте ја моцарелата на многу тенки парчиња, за полесно да се истопи при печењето, а маслинките на половина, надолжно, за мини-пиците да добијат естетски прекрасен изглед, покрај одличниот вкус.

Откако тестото доволно ќе нарасне, поделете го во 6 топчиња (гледајте топчињата да бидат со приближно иста големина, за да и мини-пиците бидат прилично еднакви). На работната маса, поросете брашно, земете едно од топчињата и започнете со сукање, се додека тестото не ја добие посакуваната дебелина. Сторете го истото со сите топчиња, со што ќе добиете 6 теста за мини-пица.

Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.

На плехот за печење, прво ставете малку зејтин и брашно, размачкајте ги по целата површина и потоа додадете ги празните теста. Филувајте со ред Лутеница Дием-ГП, ред тенко исецкана моцарела и неколку парченца од маслинките со пиперка. Одозгора, додадете оригано или друг, поинтензивен зачин по желба.

Ставете ги вака подготвените мини-пици да се печат во загреаната рерна на 200 степени, околу 15-20 минути. Кога ќе бидат испечени, внимателно извадете ги од рерната и послужете ги додека се топли, со пијалок по желба.

Запомнете, секое јадење е повкусно доколку се подготвува со љубов, а се консумира во добро друштво и позитивна атмосфера.

На здравје!

 

the making of mini pizzas

the making of: мини пици со Лутеница Дием-ГП

Leave a Reply

(*) Required, Your email will not be published