Домашни мафини со џем од вишни

diem-gp-dzem od vishni -- mafini

Мафините се вид мали, полу-слатки колачи, кои се подготвуваат лесно и брзо, во порции соодветни за една особа. Може да имаат најразличен вкус, кој се постигнува со додавање на одредена состојка како капини, чоколадни парчиња, малини, цимет, тиква, праска, јагода, лешник, бадем и слично. Мафините често се комбинираат за појадок, со кафе или чај, но секако може да се послужат во било кој дел од денот.

Ние подготвивме домашни мафини со џем од вишни и цимет, кои даваат специфичен, богат и неодолив вкус на овој десерт.

Потребни состојки за подготовка на 12 мафини:

  • 2 шолји брашно,
  • 1/2 шолја шеќер,
  • 2 кафени лажички прашок за пециво,
  • 1/2 кафена лажичка сол,
  • 1/2 кафена лажичка цимет,
  • 1 шолја млеко,
  • 1 јајце, матено,
  • 1/2 шолја путер, стопен,
  • 1/2 шолја џем од вишни Дием – ГП (може да одберете и џем со поинаков вкус, како јагоди, сливи, праски..изборот е Ваш).

Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Ставете ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво, циметот и солта во подлабок сад. Во друг помал сад, измешајте ги млекото, јајцето и путерот. Постепено додадете ги измешаните млеко, јајце и путер во подлабокиот сад со останатите состојки. Мешајте континуирано додека смесата не се соедини и згусне доволно.

Подмачкајте ги калапите на плехот со масло и со соодветна лажица распределете околу 2/3 од тестото во подмачканите калапи. Додадете џем од вишни на тестото, подеднакво распределувајќи ја целата количина од џемот во секој од мафините. Додадете го остатокот од тестото врз џемот и така подготвените мафини печете ги на 200 степени 15 – 20 минути.

Внимателно извадете ги врелите мафини од рерната и оставете ги 10-15 минути да се оладат пред да ги извадите од плехот и да ги сервирате. Одозгора додате шеќер во прав и цимет, по желба.

На здравје!

dzem diem-gp, vishni, mafini, muffins, muffin, cuisine, kitchen, dessert

Leave a Reply

(*) Required, Your email will not be published