Топено сирење со Баш Ајвар и фурнаринки

melted_cheese_with_ajvar

Топеното сирење (или сирење во фурна) е вкусен македонски специјалитет, често послужуван како предјадење во бројни македонски ресторани и кафеани. Одлично се комбинира со фурнаринки или друг вид на топло лепче. Угостителите го подготвуваат во земјени тави, печено во фурна, но ние го прилагодивме рецептот за домашни услови: подготовка во огноотпорен стаклен сад и печење во рерна. Во топеното сирење додадовме и Баш Ајвар на Дием-ГП, што го направи овој специјалитет неодоливо вкусен.

Потребни состојки за подготовка на топено сирење и фурнаринки за 4 лица:

  • 400г кравјо сирење
  • 250г фета сирење
  • 100г кашкавал тенко сецкан, сорта ајдамер
  • мала тегла, односно 290г Баш Ајвар – лут (доколку не јадете лута храна, топеното сирење е одлично и со благ Баш ајвар)
  • 100г говедска пршута или друг вид на чадено или сушено месо по Ваш избор, тенко исецкано
  • путер
  • оригано

За фурнаринките:

  • 2 парчиња замрзнато пица тесто
  • сусам
  • зачини по желба (ние додадовме оригано, куркума во прав, сосема малку чили и кари во прав)

Вклучете ја рерната да се загрева на 220 степени и оставете го тестото за пица да се одмрзне на собна температура.

Премачкајте го огноотпорниот сад со подебел слој путер. Наредете го како долен ред целото кравјо сирење, претходно исечено на подебели правоаголни парчиња. Над него, наредете половина од количината пршута. Потоа, рамномерно нанесете го лутиот Баш Ајвар и врз него целото количество фета сирење, исто така претходно исечено на правоаголни парчиња. Зачинете со оригано по желба. Додадете ја преостанатата количина пршута и како горен ред ставете го кашкавалот ајдамер, покривајќи ја целата површина на садот. Повторно засилете го вкусот со малку оригано. Ставете го садот во загреаната рерна на 220 степени и оставете да се пече околу петнаесетина минути.

Во меѓувреме, одмрзнатото тесто за пица исечето го на правоаголни ленти и попрскајте малку зејтин одозгора, за сусамот и зачините лесно да се залепат на тестото. Премачкајте ја со путер тавата за печење, и додадете ги зачинетите фурнаринки во неа. Откако топеното сирење ќе биде готово, ставете ги фурнаринките да се печат на истата температура од 220 степени, околу  петнаесетина минути.

Послужете го топеното сирење и фурнаринките додека се топли, со пијалок по желба.

На здравје!

topeno_sirenje_so_Bash_Ajvar

топено сирење со Баш Ајвар и фурнаринки

Leave a Reply

(*) Required, Your email will not be published